Сирискиот систем за противвоздушна одбрана С-300 од советско производство, урна 71 од 103-те крстосувачки ракети што рано изутринава ги истрелаа САД и нивните сојузници врз цели во Сирија
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека верува оти политички договор е единствената опција за решавање на сириското прашање и повика на целосна фер и објактивна истрага за наводните хемиски напади во Сирија.
По денешната сојузничка акција, сириската државна телевизија објави снимка на која се гледа како претседателот на Сирија, Башар ал-Асад доаѓа вообичаено на своеото работно место, само неколку часа по нападите.
Русија свика итна седница на Советот за безбедност на ОН поради денешните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, соопшти Кремљ.
- Главна цел на агресијата е да се спречи работата на тимот и да се изврши притисок врз мисијата во обид за прикривање на лагите и измилсиците на Западот, се наведува во реакцијата на сириските власти.
Сириските власти изминативе денови ги евакуирале опремата и луѓето од објектите што беа цел на денешните напади на вооружените сили на САД, Велика Британија и Франција, јави телевизијата „Ал Арабија“.
Oткако сојузниците САД, Франција и Велика Британија доцна вечерва им наредија на своите вооружени сили да започнат со воздушни напади во околината на Дамаск, не престануваат да излегуваат нови видеа и информации по социјалните мрежи.
Руски суд нареди блокирање на пристапот до услугата за комуникација „Telegram“, која е исклучително популарна во земјата.
Акциите на компанијата Русал на рускиот бизнисмен Олег Дерипаска ќе исчезнат од берзата, пренесуваат светските медиуми.
Американската амбасада во Камбоџа отпушти 32 работника бидејќи учествувале во споделување на порнографска содржина во неофицијална група на социјалните мрежи.