Двата најголеми политички ривали на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска најавија дека на предвремените парламентарни избори, закажани на 9 април, ќе настапат со заедничка листа.
Полски активисти ја урнаа статуата на свештеникот Хенрик Јанковски, против кого постојат докази за педофилија.
Караванот на венецуелскиот лидер на опозицијата Хуан Гуаидо денеска се упати кон границата на Венецуела со Колумбија за решавање на ситуацијата со хуманитарната помош од САД.
Покраинскиот суд во Штутгарт парично ја казни германска компанија за производство на оружје Хеклер-Кох поради кршење на Законот за контрола на трговијата со оружје. Компанијата треба да плати казна во висина од 3,7 милиони евра.
Инвестициите во здравството се движат со побрзо темпо отколку во останатите сегменти на глобалната економија, и на нив отпаѓаат 10 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Американскиот геолошки институт.
Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека „не е оптимист“ по прашањето Велика Британија да ја напушти ЕУ со договор, предупредувајќи дека неуспехот во преговорите ќе биде економски многу скап.
Завојуваните страни во Јемен досега регрутирале и вклучиле во конфликтот најмалку 2.700 малолетници, објави Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ).
Специјалниот севернокорејски претставник за САД, Ким Хиок-чол синоќа пристигна во Ханој со севернокорејска делегација, пред одржувањето на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун следната недела.