Истражната комисија на францускиот Сенат заклучи дека поранешниот службеник на Елисејската палата и близок соработник на претседтелот Емануел Макрон, Александар Бенала треба да биде кривично гонет за лажно сведочење и истовремено укажува на бројни неправилности во функционирањето на француските државни институции, јави дописникот на МИА.
Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој се предвидува Украина да стане членка на НАТО и на Европска Унија.
Британката Ебони Стивенсон заспала со мачнина и се разбудила четири дена подоцна, а на нејзино големо изненадување – веќе била мајка.
Компанијата на милијардерот Ричард Бренсон, „Вирџин Галактик“ планира да тестира вселенски брод за туристи, наречен „Спејс шип 2“, јави Ен-Би-Си.
Јапонски суд нареди да се исплати отштета од 3,4 милиони евра на луѓето кои морале да ги напуштат своите домови во североисточна Јапонија по хаваријата во нуклеарната електрана Фукушима во март 2011 година.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го откажа утрешното патување во Москва, каде требаше да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Вториот по големина муслимански собир во Бангладеш заврши со молитви за светски мир, благосостојба, напредок и братска хармонија во светот.
Во организација папата Франциско, утре во Рим почнува самит посветен на спречувањето на сексуално злоставување во рамките на Католичката црква.
Русија била и ќе биде суверена независна држава. Или ќе биде таква или воопшто нема да постои, порача денеска рускиот претседател Владимир Путин во своето годишно обраќање пред Федералното собрание.
Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант денеска изјави оти се надева дека договорот за Брегзит би можел да биде одобрен во Парламент во Лондон, доколку „државниот обвинител го смени својот став за импликациите врз клаузулата за ирската граница“.