Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант денеска изјави оти се надева дека договорот за Брегзит би можел да биде одобрен во Парламент во Лондон, доколку „државниот обвинител го смени својот став за импликациите врз клаузулата за ирската граница“.
– Можеме да обезбедиме усвојување на тој договор, доколку државниот обвинител го смени својот совет до Парламентот. Тоа е од клучно значење за деблокирање на договорот, наведе Хант во видео запис објавен на Твитер пред да отпатува во Берлин.
– Со визија и државнички став на двете страни, тоа може да се направи и се надевам дека така и ќе биде, додаде Хант.