Експертска група на Обединетите Нации смета дека Белгија треба да им се извини на Африканците за колонијалните злосторства, јави дописничката на МИА од Брисел.
Неколку преговарачи од Демократската и Републиканската партија во американскиот Конгрес постигнаа принципиелен договор за финансирање на Владата и избегнување на нова блокада на Владата на крајот од неделата, јави Гласот на Америка.
Во пожар што избувна во хотелот „Арпит Палас“ во центарот на главниот град на Индија, Њу Делхи загинаа најмалку 17, а повеќемина се повредени.
Шефот на канцеларијата на ОН за борба против тероризмот Владимир Воронков изјави дека неодамнешните загуби на Исламска држава „не смеат да доведат до задоволство на ниту едно ниво“ затоа што, како што предупреди, таа екстремистичка група останува глобална закана со околу 18.000 припадници во Ирак и Сирија.
САД ќе бидат приморани да го намалат опсегот на некои операции во Европа и на други места, ако државите од тие подрачја продолжат да соработуваат со кинеската компанија „Хуавеј“, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео при посетата на Унгарија.
Израелската артилјерија нападна болница и пункт за набљудување во јужната сириска провинција Кунеитра, во близина на границата со Израел.
Вработен во фирма за испорака на парични фондови денеска во Обервилие избега со еден до три милиони евра, што се наоѓале во блиндирано комбе со кое тој управувал.
Комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ изјави денеска дека Унгарија се соочува со многу меѓусебно поврзани предизвици во врска со човековите права, вклучувајќи го и законодавството, кое процесуира граѓански групи, назадување на првото на жената и системско притворање на баратели на азил.
Американската Влада ќе ја продолжи истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на денешната посета на Унгарија.
Четворица војници се повредени откако турски воен хеликоптер се урна во станбен реон на Истанбул, изјави истанбулскиот гувернер Али Јерликаја.