Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 18 жртви, потврди турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија.
Туниски суд осуди седум лица на доживотен затвор за вмешаност во два напади во 2015 година, во кои загинаа повеќе десетици луѓе, повеќето странски туристи, јавија локалните медиуми повикувајќи се на судски претставник.
Администрацијата на Доналд Трамп задоцни да подготви извештај до Конгресот во определениот рок за тоа дали Белата куќа смета дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мухамед бин Салман, е вмешан во убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопшти денеска „Си-Ен-Ен“.
Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл од екстремната десничарска Партија на слободата (ФПОе) се надева дека европските избори во мај ќе значат промена на курсот во политиката на ЕУ за азил.
Тајландската принцеза Уболратана Раџакања Сиривадана Барнавади (68), која се кандидираше за премиер на земјата на претстојните избори, ја повлече кандидатурата бидејќи нејзиниот помлад брат, кралот Маха Вајиралонгкорн и забрани да учествува на изборите, оценувајќи дека тоа не е пристојно и не е во согласност со традицијата на кралското семејство.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го посети местото на несреќата во Истанбул, каде што во средата се урна осумкатна станбена зграда, при што загинаа 17 лица.
Во снежна бура на Тибет настрадаа неколку илјади животни, а на локалнте патишта падна снег до 45 сантиметри, јавија кинеските медиуми.
Судијата на Врховниот суд на Венецуела, Хуан Мендоза изјави дека одлуката на претседателот на Националното собрание Хуан Гуаидо да се прогласи за привремен претседател е „ништовна и неважечка“, пренесува агенцијата Анадолија.
Шпанската Влада ги обвини каталонските лидери, кои се залагаат за независност на покраината, дека ги отфрлаат нејзините обиди да започнат дијалог со цел решавање на сепаратистичката криза меѓу Мадрид и тој богат регион.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 20 февруари во Вашингтон.