Во снежна бура на Тибет настрадаа неколку илјади животни, а на локалнте патишта падна снег до 45 сантиметри, јавија кинеските медиуми.

Локалните власти испратија ветеринари во оваа област, како и лекови и храна за животните.

Селата се наоѓаат на висина од преку 5.000 метри и работниците од надлежните служби се обидуваат да ги расчистат патиштата за да се обезбеди снабдувањето. Напорите за расчистување се отежнати од силни ветрови и ѓубришта.

Жителите на селата на Тибет одгледуваат стока, најмногу овци и кози и на тој начин опстануваат во тешките природни услови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2019 13:35