Ладен зимски бран го зафати Токио и околината, поради што се откажани повеќе од 100 полетувања и слетувања на аеродромот во Токио.
Обидите на западните земји да ја принудат Русија да го прифати диктатот на САД и нивните сојузници се осудени на неуспех, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Најмалку 39 лица починаа, а 27 се разболеа во неколку села во северниот дел на Индија, откако пиеле евтин ликер што содржи отровен метанол, соопштија денеска властите.
Во Мотреф, Финистер, во домот на претседателот на националното Собрание на Франција, Ричард Феран, додека беше на службено патување, е направен обид за подметнување пожар, за што е отворена истрага, јави дописникот на МИА.
Американскиот претседател Доналд Трамп е во „многу добра здравствена состојба“, изјави неговиот лекар по четиричасовниот годишен преглед во воената болница „Волтер Рид“.
„Жолтите елеци” најавуваат нови демонстрации низ цела Франција, со што ова ќе биде 13-та последователна сабота на демонстрации, и покрај големиот пад на мобилизацијата минатата сабота, кога помалку од 60.000 лица, според Министерството за внатрешни работи, излегоа на улиците, јави дописникот на МИА.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека неговата втора средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се одржи во Ханој, Виетнам.
Едно лице загина, а 16 други се повредени вечерва при директен судир на два воза во близина на каталонскиот главен град Барселона.
Ирска е отворена за разговори за спас на Договорот за Брегзит, но не и за нови преговори, кои би можеле да доведат до измени во веќе договорените одредби, изјави денеска во Белфаст ирскиот премиер Лео Варадкар.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, чии легитимитет е доведен во прашање по одлуката на повеќе земји да го признаат спикерот на Националното собрание, Хуан Гуаидо за привремен шеф на државата, денеска и нареди на армијата да не дзоволи влез во земјата на хуманитарна помош од странство.