Едно лице загина, а 96 други се повредени вечерва при директен судир на два воза во близина на каталонскиот главен град Барселона, јави ДПА.

Каталонската Служба за вонредни состојби соопшти дека железничката несреќа се случила меѓу местата Сан Висенте де Кастељет и Манреса, на околу 50 километри северозападно од Барселона.

Според Службата, при судирот загинал машиновозачот на еден од возовите.

Портпаролката на каталонската Агенција за цивилна заштита, Џоан Гарсија информира дека до несреќата дошло кога „еден воз налетал на друг“.

Според првичните сознанија на истрагата до несреќата, што се случила во 18:20 часот, дошло поради проблеми со ситемот за сигнализација на пругата.

Во ноември минатата година воз излета од шините во Каталонија, при што загина едно лица, а над 50 беа повредени.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2019 21:48