САД високо го оценија хуманиот третман на Сириските демократски сили (СДФ) кон заробените џихадисти од групата Исламска држава (ИД) и ги повикаа земјите чии државјани се тие да ги репатрираат и отворат кривични постапки против нив.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска во Абу Даби оцени дека ниту едно насилство не може да биде оправдно со верски причини.
Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо денеска изјави дека Владата на претседателот Николас Мадуро се обидува да префрли 1,2 милијарди долари од државната банка за развој Бандес во една финансиска организација во Уругвај.
Сегашната одредба за регулирање на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска е „единствено достапно оперативно решение“ за истапување на Велика Британија од Унијата, изјави денеска главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние.
Секретаријатот на Обединети нации нема да учествува на ниту еден состанок на групата која се формира за решавање на кризата во Венецуела.
Британската полиција приведе 33 мажи под обвинение за сексуална злоупотреба на седум девојчиња во северниот дел на Англија, во периодот од 2002 до 2009 година.
Најмалку осум лица загинаа, а две други се повредени денеска при пожар во станбена зграда во Москва.
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југоистичниот брег на Доминиканска Република.
Министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела денеска изјави дека Европска Унија ја разгледува можноста за воведување на нови санкции кон Владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, но оти се уште не разговарале за ембарго на нафтата.
Владата на Венецуела денеска најави дека ќе ги преиспита билатералните односи со земјите членки на Европска Унија, кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на земјата.