Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) предупреди на можноста за зголемување на антимигрантската реторика во пресрет на изборите за Европскиот парламент во мај, и покрај падот на бројот на мигранти во Европа во 2018 година.
Привремениот самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо откри дека имало „тајни состаноци“ меѓу лидерите на опозицијата и претставниците на вооружените сили во обид да се собори претседателот Николас Мадуро.
Саудиска Арабија ја заврши големата антикорупциска кампања, што ја нареди престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман, во рамки на која се одземени повеќе од 106 милијарди долари, преку договори со принцови, министри и бизнисмени, соопшти Кралскиот суд во Ријад.
Завршна конференција за проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Бројот на загинати по уривањето на браната на рудник во југоисточен Бразил се зголеми на 99 жртви, соопшти портпаролот на државната агенција за цивилна одбрана во бразилската држава Минас Гераиш, Флавио Годињо.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа ја повика Русија да го почитува договорот за ракети од среден дострел од времето на Студената војна, наведувајќи дека руските ракети можат да носат нуклеарни боеви глави и да стигнат до европските градови.
Судијка на американски сојузен окружен суд одби барање да ги открие кривичните обвиненија против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кои по грешка беа откриени во друг случај.
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, оцени дека е потребно „итно да се смири ситуацијата“ во Франција, повеќе од два месеца по почетокот на протестите на „жолтите елеци”, што доведе до „големи тензии“ во земјата, јави дописникот на МИА.
Европа ќе ја зафати студен бран, а прва на удар е Велика Британија, каде арктички ветер ќе донесе околу 10 сантиметри нов снег и температури околу минус 10 степени.
Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, го повика Советот на ЕУ да се произнесе за состојбата во Унгарија откако Европскиот Парламент гласаше за суспендирање на правото на глас на Будимпешта поради нарушување на владеењето на правото, но по романското претседателство останува неизвесно дали ќе има конкретни мерки, јави дописничката на МИА од Брисел.