Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му рекол дека сака да отстрани само едно или две од петте нуклеарни постројки во таа земја.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф денеска упати критики до американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата синоќешна објава на Твитер дека „евентуален конфликт ќе биде официјален крај за Иран“, порачувајќи му „да се обиде да покаже почитување“.
Терористите од исламистичката група Џабат ал Нусра во деескалациската зона на Идлиб се обидоа да ја нападнат руската воздухопловна база „Хмејмим“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Политичари во Женева планираат да воведат казни за возачи на пребучни автомобили кои полицијата ќе ги „лови“ на радари за бучава, објави германското списание Аутобилд.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара да се подготви документација за да помилува членови на американската армија обвинети или осудени за воени злосторства, објави „Њујорк тајмс”.
Една жена загина, а повеќе од 60 се повредени, од кои седуммина потешко, во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, источна Германија, соопшти полицијата.
Четириесет и седум мигранти синоќа се симнаа во Лампедус, остров јужно од Сицилија, бидејќи бродот што ги спаси беше запленет со судски налог.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно му се закани на Техеран со твит во кој наведува дека актуелниот конфликт ќе биде „официјален крај“ на Иран.
Коалата е „функционално изумрена“, тврди Австралискиот фонд за коали (АКФ). Имено, како што тврди оваа научна невладина организација посветена на зачувувањето на коалата, само 80.000 примероци од ова прекрасно животно од семејството торбари се останати во дивината, што значи дека ги нема доволно за да се одржат и во следната генерација.
Поранешната телевизиска ѕвезда и актер Володимир Зеленски (41), кој минатиот месец победи на претседателските избори во Украина, денеска положи заклетва на церемонија во украинскиот Парламент во Киев.