Британската премиерка Тереза Меј ќе се сретне со шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние в понеделник во Стразбур, јави дописничката на МИА од Брисел.
Очекувањата за економскиот раст во ЕУ по Брегзит се послаби од предвидувањата објавени за оваа есен, пред сѐ поради состојбата во Италија, соопшти Европската комисија.
Компанијата „Форд“ соопшти дека инвестира повеќе од милијарди долари во својот бизнис во Чикаго и отвора 500 работни места.
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан на најгорен кат во станбена зграда во југозападна Германија, соопшти локалната полиција.
Комитетот за правосудство на Сенатот на САД денеска ја одобри номинацијата на републиканецот Вилијам Бар за нов американски секретар за правда.
Најмaлку шест лица загинаа во невреме проследено со силен ветер и пороен дожд, што го зафати вториот по големина бразислки град Рио де Женеиро.
Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, рече дека клубот треба да биде подготвен за фактот дека Лионел Меси еден ден ќа ја заврши кариерата.
По пропаѓањето на Договорот за неширење на ракети со краток и среден дострел (ИНФ), Украина ќе добие право да произведува и разместува копнени балистички крилести ракети, изјави Стивен Пајфер, експерт од Универзитетот Стенфорд и поранешен амбасадор на САД во Киев.
Од сипаници во текот на 2018-та во Европа починаа 72 лица, што е двојно повеќе во споредба со претходната година, соопшти денеска Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.
Саудиска Арабија ја поткопува истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави денеска специјалната известувачка за човекови права на ОН, Агнес Каламард по завршувањето на нејизната посета на Турција.