Сирискиот претседател Башар ал Асад, кој е во службена посета на Иран, се сретна со иранскиот претседател Хасан Рохани и со иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамени.
Околу 40 курдски активисти кои бараат ослободување на нивниот историски лидер Абдула Оџалан, затворен во Турција, беа уапсени во Стразбур, откако предизвикаа штета при обди да влезат во една од зградите на Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) објави дека Велика Британија треба да ги врати островите Чагос во Индискиот Океан на Маврициус, додавајќи дека Велика Британија неправедно го протерала населението од островите во 70-тите години од минатиот век за да овозможи изградба на американска воздухопловна база на островот Диего Гарсија.
Кардиналот Џорџ Пел осуден е во Австралија поради сексуално злоставување на два малолетни лица, соопшти денеска судот во Мелбурн.
Двајца вооружени мажи ограбија телевизиска екипа во калифорнискиот град Оукланд, објави Еј-Би-Си.
Поголем број ирански пратеници денеска испратија писмо до претседателот Хасан Рохани со кое бараат министерот за надворешни работи Мохамад Џафад Зариф да остане на функцијата, јави иранската новинска агенција ИРНА.
Компанија на американскиот претседател Доналд Трамп исполни ветување дадено пред изборите дека профитот од странски влади кои го користат нејзиниот имот ќе го предаде на Министерството за финансии на САД.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пристигна во главниот град на Виетнам, Ханој, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Соединетите Американски Држави повторно го поддржаа лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо, кој може да смета на нивната целосна поддршка.
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека режисерот Спајк Ли, во говорот по добивањето на Оскарот, „го нападнал на расна основа, иако за Афроамериканците направил повеќе од било кој досегашен претседател“.