Kомпанијата на Елон Маск, Спејс Икс (Space X) соопшти дека отпушта 10 отсто од вработените односно околу 6.000 луѓе поради потребата да се намали работната сила.
ОН и предложи на Венецуела помош во храна и здравство бидејќи државата е сериозно погодена од најтешка економска криза во историјата.
Израелската армија соопшти дека пронашла шести и последен тунел што го изградиле екстремисти од Хезболах на границата со Либан.
Во следните 12 месеци Зимбабве ќе воведе нова валута. Тоа го изјави министерот за финансии Мтули Нкубе откако недостиг на американски долари причини хаос во финансискиот систем предизвикувајќи затворање на фирми и закани за протести.
Американскиот државен секретар Пајк Помпео изрази оптимизам дека САД и Турција ќе постигнат договор за заштита на курдските борци во Сирија.
Американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренал е во изолација. Средби со него избегнуваат од германската владејачка елита, објави Шпигел.
Прекин на делумната блокада на американската влада, предизвикана од барањето на претседателот Доналд Трамп за5,7 милијарди долари за изградба на ѕид долж границата на САД и Мексико, во моментов не се гледа. Најмалку 800.000 вработени се без плата, а една недела ја чини земјата повеќе од милијарда долари.
Најмалку 21 рудар загинаа откако се урна рудник во северниот дел од Кина, соопштија влатите во градот Шенму во провинцијата Шанси.
Американскиот претседател Доналд Трамп демантираше дека нема стратегија за прекин на делумната блокада на работата на федералната Влада на САД, но не отркива за каква стратегија станува збор.
Едвард Сноуден изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги би бил жив ако израелската компанија „НСО група“, одбила да продаде своја технологија на Саудиска Арабија.