Oткако ја презеде должноста премиер на Шпанија, пред помалку од шест месеци, социјалистот Педро Санчез, чиј рејтинг е во пораст, се обидува да го подобри својот меѓународен имиџ, делумно со тоа што ќе се обиде да ја зајакне улогата на неговата земја на европската сцена, заедно со Германија и Франција, објави „Политико“.
Нема докази што би укажале дека изборот на новиот претседатл на Интепол е нелегитимен, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Европската Комисија вели дека засега не добиле потврда од Унгарија дека му е одобрен на азил на експремиерот Груевски.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека пресудата на Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) во врска со водечкиот опозициски политичар е еднаква на поддршка за тероризам.
На товарен брод, што пловел под турско знаме, изби пожар во делот на моторот, додека тој се наоѓал на осум морски милји југоисточно од ‘ртот Тенаро на југот на полуостровот Пелопонез, соопшти грчката Крајбрежна служба.
Во Долниот дом на британскиот Парламент нема мнозинство што би поддржало истапување на Велика Британија од ЕУ без да биде постигнат договор за Брегзит со Брисел, изјави министерот за финансии во лабуристичката Влада во сенка, Џон Мекдонeл.
Огромно торнадо е забележано вчера над градот Салерно во југозападна Италија.
Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги не смее да биде игнорирано, само заради зачувување на трговиските врски со Саудиска Арабија, изјави во Вашингтон турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Еден 48-годишен Нигериец се појави пред суд во Лагос, Нигерија, каде одговара поради организирање измами од 20,5 милиони долари претставувајќи се како првата дама на земјата.
Јужнокореецот Ким Џонг-јанг денеска е избран за нов претседател на Меѓународната полициска организација (Интерпол), како наследник на Кинезот Менг Хонгвеј, кој во септември беше уапсен од страна на кинеските власти под обвинение за примање поткуп.