Италијанската полиција соопшти дека на автопат во јужна Италија од блиндирано возило се украдени 2,3 милиони евра.
Вршителот на должност секретар за одбрана Патрик Шанахан упати порака до цивилните лидери во американската војска да не заборават на Кина дури и кога се борат против екстремистите во Сирија или во Авганистан.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека делумната блокада на Владата, која почна на 22 декември, ќе трае „се додека е потребно“.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека добил „прекрасно писмо“ од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и оти очекува набрзо да се сретнат.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД се надеваат дека наскоро ќе имаат пристап до Американцеот кој е приведен под обвинение за шпионажа и оти ќе бараат негово итно враќање доколку се утврди дека е неосновано уапсен.
Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Франција, Емануел Макрон телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија, но и за кризата во Украина, се наведува во соопштението од Кремљ.
Комунистичката партија на Индија денеска соопшти дека на вчерашниот протест имало околу 5,5 милиони жени.
Извршната власт на Франција ќе мора да се докаже, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење, спроведено од институтот Харис Интерактив за потребите на телевизијата М6 и радиото РТЛ.
Од 1 јануари сите земји членки на Европска унија мораат да ги применуваат новите законски мерки против даночна евазија. Овие мерки ги таргетираат пред сѐ големите мултинационални компании.
Втората година од претседателскиот мандат на Доналд Трамп беше обележана со спорни твитови, скандали за неговата мигрантска политика, именување на нови федерални судии, истрага за руското мешање во изборите во 2016 година и хаос во администрацијата.