Еден ден откако осумгодишно момче од Гватемала почина во американски притвор за мигрантите, Агенцијата за царина и погранична заштита соопшти дека повторно ќе спроведе систематски преглед на сите деца во центарот.
Првата средба за имплементација на Договорот за трајно примирје меѓу Владата на Јемен и бунтовниците Хути денеска почна во Ходеида под покровителство на Обединети нации, изјави неименуван владин претставник.
Иран преговараше со авганистанските талибанци, изјави секретарот на Врховниот совет за национална безбедност Али Шамхани.
Најмалку 30 лица се повредени, а причинета е и материјална штета во земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала кој синоќа го погоди италијанскиот остров Сицилија, во областа на вулканот Етна.
Шест лица загинаа во пожар кој изби во мал дрвен објект, што го користеле бездомниците во предградие на Варшава, соопшти полската противпожарна служба.
Најмалку три лица загинаа, а 55 се повредени во две автобуски несреќи во Кирсехуир, Централна Турција и во Анкара, кои се погодени од обилни снежни врнежи.
Русија воведе економски санкции за уште 245 Украинци и седум украински компании, во рамки на новите тензии меѓу Москва и Киев.
Јапонската Влада денеска објави дека се повлекува од Меѓународната комисија за китолов и најави повторно ловење на китовите во јапонско територијално море и економскиот појас.
Индонезиските власти ги повикаа граѓаните во близина на вулканскиот остров Кракатау да го избегнуваат крајбрежјето во подрачјата во кои при удар на цунами брановите минатиот викенд загинаа повеќе од 420 лица.
Јужнокорејска делегација, утрово со воз, пристигна на официјална церемонија во севернокорејскиот пограничен град Кесон, со што официјално беше означен почетокот на проектот за соединување и модернизација на железничките линии и станици во Северна и Јужна Кореја.