Владата на Бурунди донесе одлука за прогласување на Гитера за нов главен град на државата наместо досегашниот Буџумбура, соопшти портпаролот на бурундскиот претседател Пјер Нкурунзиза, Жан-Клод Карерва Ндензако.
Индија соопшти дека денеска успешно тестирала балистичка рекета од типот „Агни-4“, која може да носи и нуклеарна боева глава.
Специјалниот пратеник на САД во меѓународната антиџихадистичка коалиција Брет Мекгурк поднесе оставка на функцијата, во знак на протест поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на силите на САД од Сирија.
Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов компонираше божиќна песна, што ја изведе заедно со неговиот 14-годишен внук во една телевизиска емисија.
Кубанското Национално собрание синоќа го одобри Предлог-тексот за новиот устав на Куба, кој треба да биде одбрен на референдум закажан за 24 февруари идната година.
Две новинарки на француската држaвна телевизија Франс 2 синоќа беа нападнати од група учесници на протестот на „жолтите елеци“ на пункт за наплата на патарина кај местото Булу во јужна Франција, во близина на границата со Шпанија.
Членовите на Американскиот Сенат не успеаја да постигнат компромис околу законот за финансирањето на федералните институции, со што би се спречила делумната блокада на Админстарцијата, што започна од ноќеска на полноќ по локално време во Вашингтон (6 часот утрово по средноевропско време).
Девет рудари загинаа при пожар во рудник во близина на градот Соликамск, на околу 1.500 километри североисточно од Москва.
Познато е дека во Германија има недостиг на работна сила. Тој проблем не го заобиколи ниту Дедо Мраз. Имено, се помалку се оние, кои во црвено-бел костим во овој претпразничен период, сакаат да ги усреќат децата со подароци.
Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на протесна прошетка низ улиците на Букурешт, одбележувајќи ја на тој начин годишнината од почетокот на бунтот против последниот романски комунистчки лидер Николае Чаушеску во 1989 година.