Во Иран денеска е погубен бизнисмен осуден на смрт поради стопански криминал.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео го информира ирачкиот премиер Адел Абдул Махди дека САД и натаму се посветени на борбата против Исламска држава (ИД) во Ирак и другите региони и покрај планираното повлекување на своите трупи од Сирија, соопшти денеска Кабинетот на Махди.
Најмалку 36 лета денеска се одложени, а осум се откажани на московските аеродроми „Внуково“, „Домодедово“ и „Шереметјево“, поради неповолни временски услови.
Папата Франциско, по повод Божик, го посети својот претходник – Бенедикт 16 во неговата резиденција, соопшти Ватикан.
Во Франција денеска ќе се одржи шести по ред протест на „жолтите елеци“, поради што палатата Версај ќе биде затворена за посетители.
На неговата годишна прес-конференција во четвртокот, блажениот Владимир Путин рече дека неговиот реизбор и Светското првенство во фудбал што се одржа во Русија беа главните настани во 2018 година. Тоа е извонредно оптимистичка оценка за година која во никој случај не беше една од најдобрите за рускиот претседател.
Во САД од полноќ стапи на сила делумна блокада на работата на Владата, по неуспешните преговори на републиканците и демократите и претседателот Доналд Трамп околу тоа Конгресот да додели пет милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Илјадници Унгарци се придружија вечерва на маршот против премиерот Виктор Орбан, кој е в организација на сатирична политичка партија „Куче со две опашки“ (МККП).
Непознати сторители, пред редакцијата на весникот „Експресо“, во мексиканскиот град Сијудад Викторија, оставиле отсечена глава од човек во фрижидер од стиропор, заедно со заканувачка порака до новинарите.
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ продолжи со работа по краток прекин на летовите поради непотврдени информации за дрон во околината.