Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ја поздрави денеска одлуката на САД да ги повлече своите трупи од Сирија.
Протестите ширум Португалија кои требаше да се одржат по примерот на француското движење „жолти елеци“ денеска пропаднаа затоа што се појавија многу малку луѓе.
Белгискиот крал Филип денеска ја исклучи можноста за предвремени избори во земјата по оставката на премиерот Шарл Мишел претходно оваа недела.
Американски ветеран од воената авијација, кој создаде Интернет страница за донации за да помогне во изградбата на ѕид на американско-мексиканската граница, кој го планира Доналд Трамп, досега собрал неколку милиони долари.
Руска ракетна фрегата се упати кон Азовско Море од правецот на Крим, тврдат неименувани очевидци.
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин побара да се гласа за недоверба на премиерката Тереза Меј.
Во Германија се затвораат двата последни рудници за темен јаген, со што се укиннува индустријата која ги постави темелите на индустриската револуција и поствоеното економско заздравување на земјата.
Осум лица загинаа за време на вчерашните протести во Судан, јавија локалните телевизии, прецизирајќи дека шест лица биле убиени во градот Кадариф во источниот дел на земјата, а други двајца во провинцијата Река Нил.
Неколку минути пред да го потпише Законот за земјоделство, претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер вчера објави постаро видео во кое, облечен како фармер пее со актерката Меган Малали.
Десетина патишта во североисточната шпанска област Каталонија утрово се блокирани од радикалните сепаратисти, кои протестираат поради планираната седница на шпанската Влада во Барселона.