Неколку минути пред да го потпише Законот за земјоделство, претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер вчера објави постаро видео во кое, облечен како фармер пее со актерката Меган Малали.

Видеото е од доделувањето на Еми наградите во 2006 година, а песната е од телевизиската серија „Зелено пространство”.

Тоа совршено му послужи за промоција на реформата во земјоделскиот сектор, вредна 867 милијарди долари, штотуку прифатена од американскиот Конгрес.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 10:53