Во планинска област близу Порто, втор најголем град во Португалија, ноќеска се урна хеликоптер при што се стравува дека загинале четири лица кои се превезувале.
Федералните обвинители минатиот петок објавија две бомби. Прво обвинителот на Јужниот Округ на Њујорк поднесе барње за пресуда за поранешниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, Мајкл Коен, во кое како факт се наведува дека и самиот претседател бил вмешан во исплаќањето пари на две жени за да молчат, како што се тврди, за тоа дека биле во интимна врска со него.
Амбасадата на САД во Киев ги поздрави Украинците за формирањето автокефална православна црква. Објавата беше на официјалната страница на дипломатската мисија на Твитер.
Она-бугејша или жена која е вешта во боречки вештини е жена-воин, која доаѓала од редовите на јапонското благородништво. Овие жени учествувале во битките заедно со мажите самураи. Тие припаѓале на буши класата во феудална Јапонија и биле тренирани да користат оружје за да ги заштитат домаќинството, семејството и честа во време на војна. Сепак биле малцинство.
ОН го определи датум за почеток на примирјето меѓу јеменските владини сили и вооружените сили на бунтовничкото движење Ансар Алах (Хутите) во градот Ходеида. Тоа го објави телевизискиот канал Ал Џазира повикувајќи се на претставник на Хутите.
Според Министерството за внатрешни работи, на Франција, попладнево на демонстрациите излегле 33.500 лица, за споредба минатата сабота имаше 7.000 демонстранти, јавува дописникот на МИА.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави заминување од функција на уште еден висок претставник на владата, министерот за внатрешни работи Рајан Зинки.
Воен авион Су-27 се урна денеска при обид за слетување во база во Украина при што загина пилотот.
– Им честитам на сите создавањето автокефална православна црква на Украина, основана сега во црквата Света Софија, рече Порошенко, обраќајќи им се на присутните на плоштадот пред црквата по соборот за обединување.
Катар денеска повика на формирање нов регионален сојуз што би го заменил Советот за соработка во Заливот кој не успеа да ја реши кризата меѓу Катар и неговите соседи.