Француската полиција попладнево уапси уште едно лице во врска со нападот на божиќниот базар во Стразбур во вторникот вечерта, со што бројот на уапсени поради овој терористички чин се искачи на пет.
Лидерите на ЕУ се согласија повторно да ги продолжат економските санкции за Русија поради нејзината улога во источна Украина и Крим, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Руската државјанка Марија Бутина, која во САД е обвинета дека работела како таен агент за руската Влада, призна вина пред американскиот Суд за еден дел од обвинението, јави „Фокс њус“, додавајќи дека признанието е во рамки на договорот со обвинителите.
Европските лидери со минута молчење за жртвите од нападот во Стразбур го почнаа Самитот во Брисел, објави на Твитер портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Припадник на Вооружените сили на Турција е убиен денеска на турска територија во близина на границата со Сирија, при стрелба од реонот на сириското село Тел Рифат.
Германија ја поддржува трансформацијата на Косовските безбедносни сили (ФСК) во војска на Косово, но повторува дека смета оти овој процес не треба да биде избрзан и треба да е сеопфатен, со вклучување и на немнозинските етнички заедници, јави дописникот на МИА од Приштина.
Турската Армија ги заврши подготовките за воената операција против силите на сириските Курди во областите источно од реката Еуфрат во северна Сирија, што вчера ја најави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека никогаш не би ја ставил Европа пред барањата на францускиот народ, а тоа го порача неколку дена откако најави скапи мерки за да ги смири протестите поради зголемување на даноците, и кои ќе го зголемат буџетскиот дефицит на Франција.
Израелската армија ги блокира главните патишта кои водат кон палестинскиот град Рамалах, откако двајца Израелци загинаа, а двајца беа повредени при вооружен инцидент на Западниот Брег.
САД ја повикаа Унгарија да ги подобри односите со соседна Украина и да не се обидува да ја блокира соработката на Киев со НАТО, бидејќи „ако Украина не успее, Унгарија ќе биде на линијата на руската агресија“, објави Амбасадата на САД во Будимпешта.