Европските лидери со минута молчење за жртвите од нападот во Стразбур го почнаа Самитот во Брисел, објави на Твитер портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Форумот се одвива во атмосфера на превирања. Не само што Франција беше погодена, не само еден француски град, нашите сонародници, туку заедно со тоа и еден голем европски град пред неколку дена беше смртоносно погоден, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред почетокот на Самитот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 19:40