Неколку министри во британската Влада денеска поднесоа оставки во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј со Брисел за излезот на Велика Британија од Европската унија.
Државната секретарка во британското Министерство за Брегзит, Суела Брејвмен денеска поднесе оставка поради несогласување со предлог-договорот на премиерката Тереза Меј постигнат со ЕУ.
Вработеноста во Европската унија и во еврозоната во третиот квартал се зголеми за 0,2 проценти во однос на претходните три месеци, а растот на вработеноста забави и на годишно ниво, покажуваат првите проценки на Европскиот завод за статистика.
Вредноста на фунтата утрово на Лондонската берза е намалена за повеќе од 1,0 отсто во однос на доларот и еврото, а цените на акциите се намалуваат по информациите за оставки на британски министри поради нацрт-договорот за Брегзит.
Пратениците во Парламентот на Шри Ланка се степаа поради спорот околу тоа дали законодавниот дом има право да го разреши премиерот од должност.
Британската министерка за труд и пензии Естер Меквеј, поднесе оставка од Владата на премиерката Тереза Мај, истакнувајќи дека, според неа, договорот за Брегзит, кој Меј го склучи со ЕУ, „не го почитува резултатот од референдумот“.
Европскиот суд за човекови права денеска донесе пресуда дека апсењата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални биле политички мотивирани.
Адвокатот Мајкл Авенати, кој ја брани порно актерката Сторми Даниелс во тужбата против Доналд Трамп, вчера беше уапсен во Лос Анџелес поради насилство врз жена.
Малата северноирска Демократска унионистичка партија (ДУП), која ја поддржува малцинската Влада во Лондон, со сигурност ќе гласа против договорот за Брегзит на британската премиерка Тереза Меј, изјави нејзинот пратеник Џим Шанон.
Белата куќа ја смени Мира Рикардел, заменичка на советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, по интервенција на првата дама Меланија Трамп.