Пронајдени се телата на уште шест лица кои загинаа во пожарите во Калифорнија, со што смртниот биланс од огнената стихија која од четвртокот беснее во таа американска држава се искачи на 31.
Цените на суровата нафта забележаа драстичен пораст откако Саудиска Арабија најави дека следниот месец ќе го намали производството.
Најмалку 37 полицајци беа убиени од талибански бунтовници во авганистанската провинција Фарах.
Најмалку 120 кандидатки, од Демократската и Републиканската партија, победија на минатонеделната трка за американските институции на власта, што подразбира место во Претставничкиот, Сенатот или гувернерска функција.
Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека тој и американскиот колега Доналд Трамп многу се разликуваат. Меѓутоа, заедничко им е тоа што двајцата се аутсајдери, а не „класични политичари“.
Левоцентристичките демократи обезбедија контрола врз Долниот дом на Конгресот на САД, Претставничкиот дом, а републиканците на претседателот Доналд Трамп го задржаа мнозинството во Горниот дом, Сенатот.
Анита Хохенберг, праправнука на австрсикиот надвојвода Франц Фердинанд и Бранислав Принцип, внук на братот на Гаврило Принцип се сретнаа вчера во Грац, Австрија за да го одбележат атентатот кој беше повод за почеток на Првата светска војна.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека Ријад треба да побара одговорност за сите инволвирани во убиството на новинарот Џамал Кашоги, соопшти Стејт департментот.
Најмалку седуммина Палестинци, меѓу кои и локален командант на Хамас и еден израелски војник, се убиени во вчерашните судири во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на изјави на официјални лица.
Британската премиерка Тереза Меј беше принудена денеска да ја откаже планираната владина седница за одобрување на договорот за Брегзит.