Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја одбележи стогодишнината од крајот на Првата светска војна на француска територија, а претседателот Франк-Валтер Штајнмаер ќе претстојува во Лондон на церемонија во Вестминстерската опатија со кралицата Елизабета Втора.
Сириската армија соопшти дека при воена операција во централниот дел на Сирија, ослободила 19 жени и деца, кои речиси четири месеци биле држени како заложници од страна на припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Поради шумски пожар што брзо се прошири во северниот дел на Калифорнија наредена е евакуација на повеќе десетици илјади луѓе.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема чекори за суштинско ограничување на правото за поднесување на барања за азил, со што луѓето кои илегално влегле во САД не ќе можат да аплизцираат за азил.
Американското Министерство за финансии денеска воведе нови санкции за руски и украински бизниси и неколку лица, сите поврзани со континуираната окупација на Русија на Крим, за која САД сметаат дека е нелегална.
Рејтинг агенцијата „Мудис“ предупреди дека глобалниот економски раст во следните две години најверојатно ќе забави, додека трговската војна меѓу САД и Кина ќе ескалира.
Египетски суд денеска осуди 65 лица за кои се верува дека се екстремисти и членови на терористичка група, кои изразиле лојалност кон ИД.
Поранешниот претседател на Еквадор Рафаел Кореа побара азил во Белгија, јавија белгиските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор.
Полицијата на Тајланд денеска го уапси војникот Џакрит Комсинг (43), инфициран со ХИВ вирус, кој уценувал и силувал повеќе од 70 машки адолесценти.
Полицијата во Етиопија откри масовна гробница во источниот дел на земјата со тела на околу 200 луѓе, јави ДПА.