Истрагата на специјалниот советник на САД, Роберт Малер, за наводното мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година, ќе продолжи и покрај реорганизацијата во Министерството за правда, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Келијан Конвеј.
Бројот на бегалци и мигранти од Венецуела погодени од кризата од август досега се зголеми за 700.000 лица, односно вкупно три милиони луѓе ја напуштиле земјата, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).
Владата на Шведска денеска одлучи да го продолжи рокот на граничните проверки во земјата до 11 февруари, информира владината канцеларија.
Напаѓачот кој уби 12 лица во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, американската полиција го идентификуваше како Ијан Дејвид Лонг (28).
Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.
Берзите реагираа позитивно на синоќашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека администрацијата и Сенатот ќе соработуваат со новото демократско мнозинство во Конгресот за важни економски прашања.
Холандски пензионер чувствува дека е во одлична психофизичка кондиција и смета дека е дискриминиран на пазарот на труд и во љубовта, поради што побара по судски пат да му се „отпишат“ 20 години и да биде сметан дека има 49 наместо 69 години.
Турски истражувачки тим пронашол траги од флуроводородна киселина и други хемикалии во бунарот во резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, изјавил за Ал џезира извор од Канцеларијата на главниот турски обвинител.
Под мотото „Никој не е над законот“ американски активисти за денеска најавија стотици протести ширум земјата, со барање претседателот Доналд Трамп да не ја опструира истрагата за руското мешање во американските претседателски избори 2016.
Градовите Келн и Бон ќе мора од април 2019 година да воведат забрани за движење возила на дизел погон што не задоволуваат најнови стандарди за ниво на испуштени штетни гасови. Тоа го одлучи денеска Управен суд во Келн, јави ДПА.