Шефот на полицијата во Париз Мишел Делпјуеш ќе биде сменет од функција, соопшти денеска францускиот премиер Едуард Филип по насилствата во францускиот главен град за време на протестите на жолтите елеци во саботата
Британската Влада не може да предложи трето гласање за договорот за Брегзит, без да има промени во него, изјави денеска претседателот на Долниот дом на Парламентот Џон Беркоу
Холандската полиција соопшти дека го уапси осомничениот напаѓач од Утрехт
Турската полиција пукала од водени топови врз околу 100 луѓе кои денеска во Дијарбекир се обиделе да го посетат гробот на Зулуф Гезен, член на ПКК кој починал во затвор, а потоа и привела некои од нив
Осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот, објави турската новинска агенција Анадолија повикувајќи се на роднини на напаѓачот
Бројот на загинати во Мозамбик по циклонот Идаи кој го разурна регионот изминатиот викенд, може да достигне до илјада лица, изјави денеска претседателот на земјата Филипе Нијуси
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои се забранува непочитување на државата и ширење на опасни лажни вести на интернет
Француската министерка за европски прашања Натали Луазо изјави дека нејзиниот мачор го нарекла Брегзит поради неговиот нерешителен карактер, јави „Индепендент“
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е неправедно обвинет за масакрот во двете џамии на Нов Зеланд
Суд во Истанбул денеска им изрече казна доживотен затвор на 15 лица обвинети за „обид за уривање на Владата“, поради обвинувањата за корупција на блиски соработници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2013 година