Две лица се убиени, а двајца полицајци се сериозно повредени при престелка во југозападна Германија, соопштија германските власти.
Службеници во американската Амбасада во Сараево вршат притисок врз обвинителството на БиХ да поднесе обвинение против новоизбраниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со цел да биде спречено неговото преземање на функцијата, објавија "Вечерње новости".
Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, сака да се воведе глобална минимална даночна стапка на профит со цел да спречи компании да купуваат фирми или да основаат седишта во земјите со ниски даноци, пишува „Ханделсблат“, повикувајќи се на експерт за даноци од Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД).
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на 27 октомври 2018 година во Истанбул ќе биде домаќин на четирилатералниот Самит за Сирија, изјави неговиот портпарол.
Германската влада годинава одобри продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од нешто помалку од половина милијарда евра, така што кралството е втор по големина купувач по Алжир, покажува документ на Министерството за економија, во кој имала увид германската агенција ДПА.
Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од Унијата е речиси готов, но постои можност да не биде склучен поради несогласувањата околу границата меѓу Ирска и Северна Ирска.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го пофали американскиот конгресмен од Монтана, кој физички нападна новинар за време на кампањата за изборите за Конгрес во 2017 година.
Француските велосипедисти наскоро ќе мора да ги регистрираат своите велосипеди, бидејќи француски власти сакаат да ја зголемат нивната употреба и да намалат кражби, објавија медиумите.
Сопругата на поранешниот директор на Интерпол Менг Хонгвеј, кој се води за исчезнат повеќе од три недели, изјави дека не е сигурна дали е тој жив откако го уапсија кинеските власти.
„Старбакс" ќе го реструктурира својот бизнис во Европа по неколку години слаба продажба. Компанијата со седиште во Сиетл ќе продаде 83 продавници што ги има во Франција, Холандија, Белгија и Луксембург на својот долгогодишен партнер Алсеи.