Турските медиуми јавија дека полицијата денеска отворила оган врз трактор пред зградата на Парламентот во Анкара откако возачот ги игнорирал повиците да запре.
Владата на САД ја заврши фискалната 2018 година со буџетски дефицит од 779 милијарди американски долари, најголем во последните шест години, како последица на пад на приходите поради намалување на даноците, но и зголемување на трошоците поради зголемување на јавниот долг.
Зачестените топлотни удари и суши предизвикани од климатските промени ќе го намалат приносот на јачмен, а со тоа и производство на пиво, објавија научници.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изврши реконструкција на Владата, именувајќи го шефот на неговата партија „Република во движење“ Кристоф Кастане за министер за внатрешни работи.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео допатува денеска во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад на состанок со саудискиот крал Салман во врска со исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.
Повеќе од 1.800 американски весници се затворени од 2004 година, зголемувајќи ги „информативните пустини", каде има мало или никакво локално известување за јавните работи, се наведува во истражувањето на Школата за медиуми и новинарство на Универзитетот во Северна Каролина.
Во Конго за една недела официјално се потврдени 33 случаи на ебола, од кои 24 резултирале со смрт на пациентот, соопшти Министерството за здравство на таа држава.
Авион на саудиските Кралски воздухопловни сили се урна за време на обука во северозападниот дел на земјата, при што загинаа сите членови на екипажот.
Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже.
Нарушувањата на менталното здравје се во пораст во сите земји во светот, што во периодот меѓу 2010 и 2030 година глобалната економија би можело да ја чини околу 16 илјада милијарда долари доколку на глобално ниво не се преземат соодветни чекори, покажуваат податоците објавени во списанието „Лансет“, чии уредници го спровеле истражувањето.