Во Конго за една недела официјално се потврдени 33 случаи на ебола, од кои 24 резултирале со смрт на пациентот, соопшти Министерството за здравство на таа држава.

Во текот на изминатата седмица регистрирани се три нови случаи на ебола. Најновите случаи се потврдени меѓу 8 и 14 октомври.

Локалните медиуми известуваат дека за уште 200 случаи не е потврдено дали станува збор за ебола, иако симптомите се многу слични.

Од избивањето епидемија во јули оваа година од ебола во Конго починале 130 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 10:39