По „решавањето на состојбата“ во провинцијата Идлиб, следна задача на силите на сириска Влада ќе биде преземање контрола врз источниот брег на реката Еуфрат, изјави денеска министерот за надворешни работи на Сирија, Валид ал Моалем.
Секретарот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант изјави дека и натаму има отворени прашања околу договорот за Брегзит. Сепак, тој оцени дека со добра волја е можно постигнување договор кој ќе ги задоволи сите страни.
Северна и Јужна Кореја денеска постигнаа договор да започнат со повторно воспоставување железнички и патни мрежи меѓу двете земји. Договорот беше постигнат по дискусијата за акциските планови за изградба на меѓукорејски односи на ново, повисоко ниво, се вели во заедничко соопштение објавено од Министерството за обединување на Јужна Кореја.
Саудискиот крал Салман денеска нареди истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги откако турксите власти најавија претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул, каде на 2 октомври влезе Кашоги и потоа му се губи трагата.
Јапонската Влада денеска најави зголемување на ДДВ во идната година со што сака да го намали јавниот долг и покрај преупредувања за можно негативно влијание на тој потег врз економскиот раст.
Советот на министри за надворешни на ЕУ во Луксембург денеска усвои нов режим на санкции за спречување на употребата на хемиско оружје, јави дописничката на МИА од Брисел.
Светските цени на храната се намалија минатиот месец во споредба со август, при што регистрирани се само повисоки цени на шеќерот. Тоа го соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
Шест лица загинаа во невреме проследено со бура и поројни дождови, што синоќа и утрово го зафатија јужниот француски департман Од во јужна Франција.
Некогаш доминантниот американски трговски синџир „Сирс“, кој го смени начинот на пазарење и животен стил на Американците, поднесе барање за банкрот.
Бомбите кои сојузниците во Втората светска војна од авиони ги исфрлале врз цели во нацистичка Германија биле доволно силни за да го ослабнат јонизираниот горен слој на атмосферата, јоносферата, што се наоѓа на висина од 50 до 600 километри и над Обединетото Кралство, што е до 1.000 километри оддалечено од локациите на некои од нападите.