Секретарот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант изјави дека и натаму има отворени прашања околу договорот за Брегзит. Сепак, тој оцени дека со добра волја е можно постигнување договор кој ќе ги задоволи сите страни.
Хант, при доаѓањето на денешниот состанок на министри за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, оцени дека и натаму постојат компликувани прашања кои мора да се надминат со цел постигнување договор за излегување на Велика Британија од Унијата.
- Ова е тежок период, но нема да заборавиме дека веќе е направен голем прогрес. Постојат едно или две отворени прашања и се надевам дека ќе постигнеме договор. Дали тоа ќе биде оваа недела или не - тоа никој не знае. но сите се трудат, истакна Хант.
Тој на Британците им порача дека премиерката тереза Меј нема да потпише договор за Брегзит кој не е во согласност со резултатите од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ и додаде дека верува оти на таа основа ќе биде можен договор кој ќе ги задоволи и ЕУ и нејзините членки.