Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека очекува целосна соработка од Саудиска Арабија за исчезнатиот саудиски новинар на на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги.
Осум лица загинаа откако циклонот Титли ги погоди индиските сојузни држави Андра Прадеш и Ориша.
Комитетот на Обединети нации за човекови права денеска ја повика Саудиска Арабија да ги запре воздушните напади врз цивилни мети во Јемен и кривично да ги гони одговорните за страдањето на децата во незаконските напади.
Египетскиот воен суд денеска осуди 17 лица на смртна казна поради вмешаност во бомбашки напади врз три христијански цркви и полициски пункт во 2016 и 2017 година, при што загинаа повеќе од 80 луѓе.
Судот во Њујорк денеска отфрли едно од шестте кривични обвиненија против продуцентот Харви Вајнстин, откако обвинителите соопштија дека не се против со оглед на информациите до кои дошле за време на истрагата.
Израелски и дански претставници денеска одбележаа 75-годишнина од спасување на повеќе од 7.000 Евреи од окупираната Данска, кои со брод беа префрлени во соседна Шведска за време на Втората светска војна.
Археолози во Грција пронајдоа остатоци од 58 потопени бродови со многу антиквитети, што претставува најголемо откритие во Егејското Море.
Фондот основан од британските ѕвезди, како дел од Движењето „Тајм’с ап“ соопшти дека додели над еден милион фунти помош за жените жртви на сексуално вознемирување или злоставување.
Во танзанискиот град Дар ес Салам утрово е киднапиран најмладиот африкански милијардер Мохамед Дуџи.
Во првите девет месеци од годината поради нивната професионална дејност убиени се 56 новинари, што е повеќе од целата 2017 година, се наведува во соопштението на невладината организација Репортери без граници.