Ураганот „Мајкл“ погоди област во близина на Мексико Бич во сојузната држава Флорида, со сила на ураган од четврта категорија, соопшти Националниот центар за урагани.
Кина почна кампања без преседан за да влијае на јавното мислење во САД пред претстојните избори за Конгресот, и ова е најголемата и долготрајна закана за американската безбедност, изјавија денеска шефовите на американските контраразузнавачки агенции.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека процесот на повлекување на тешко оружје од демилитаризираната зона во Идлиб, Сирија, денеска е завршен.
Бројот на загинати во поплавите во централна и јужна Нигерија се искачи на 199 луѓе, соопшти денеска националната Агенција за вонредни ситуации.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговарал со властите во Саудиска Арабија на највисоко ниво за исчезнувањето во Истанбул на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Тој потенцираше дека САД инсистираат на вистината.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека Вашингтон е подготвен на секаков начин да помогне во истрагата за исчезнувањето на новинарот на „Вашингтон Пост“, кому се губи секаква трага откако пред една недела влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Федералната власт на Германија одлучи идната година да им даде на располагање 6,85 милијарди евра на сојузните држави за да им помогне за покривање на трошоците за сместување и интеграција на мигрантите.
Одлуката за автокефалност на Украинската црква ќе биде донесена „кога ќе дојде време", изјави членот на Синодот на Вселенската патријаршија, австрискиот митрополит на Вселенската Патријаршија и егзарх на Унгарија, Арсениј.
Едно 16-годишно момче е повредено откако мароканската воена морнарица отвори оган при пресретнувањето на брод со марокански мигранти, јави телевизискиот канал „2М“.
Руската православна црква (РПЦ) денеска предупреди дека во Украина можат да избијат протести ако Вселенскиот патријарх ја признае Украинската патријаршија за независна од Москва.