Северна Кореја се потпира на сопствените сили и затоа може да опстои во услови на меѓународни санкции и во следните сто години, се наведува во редакцискиот коментар во денешниот број на весникот на севернокорејската владејачка Работничка партија на Кореја, „Родонг Синмун“.
По наредба на рускиот претседател Владимир Путин, вчера се одржаа вежби на руските стратешки нуклеарни сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Американското Министерство за одбрана донесе одлука за приземјување на сите ловци „Локид Мартин Ф-35“, поради уривањето на еден борбен авион од овој тип минатиот месец.
Високи претставници на ОН изразија загриженост до Саудиска Арабија поради необјаснетото исчезнување на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
Саудискиот новинар Џамал Кашоги дошол во Конзулатот во Истанбул за да завери документи за неговата венчавка со турска државјанка и потоа да ја преземе должноста колумнист во „Вашингтон пост“, но оттогаш не е виден. Неговото исчезнување би можело да предизвика дипломатска криза меѓу Турција и Саудиска Арабија и да ги продлабочи тензиите во регионот.
Поранешната советничка на американскиот претседател Доналд Трамп и актуелна директорка во банката „Голдман Сакс“, Дајна Пауел одбила да ја прифати должноста постојан претставник на САД во ОН, соопшти неименуван извор во Белата куќа.
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди реонот на јапонскиот главен град Токио.
Најмалку пет лица загинаа синоќа при уривање на трговски центар во изградба во северниот мексикански град Монтереј.
Каталонскиот Парламент синоќа усвои резолуција со која се бара укинување на монархијата во Шпанија, барање што шпанскиот премиер Педро Санчез веднаш го прогласи за неприфатливо.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа обвини дека САД им наредиле на властите на Колумбија да го убијат.