Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари два тона од ретката печурка „Мацутаке" на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин по завршувањето на посетата на Северна Кореја изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му предал порака, која треба да му ја врачи на американскиот претседател Доналд Трамп.
Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика Турците што живеат во странство активно да се вклучат во политичкиот живот.
Триесет лица се почувствуваа лошо за време на лет на авионот на „Џет Ервејз“ од Мумбај до Џајпур, бидејќи пилотите најверојатно заборавиле да го вклучат системот за регулирање на притисокот, јавија индиски медиуми.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео смета дека Кина е поголема закана за САД од Русија.
Четири деца загинаа, а две лица се потешко повредени денеска кога воз удри во велосипед за повеќе лица на југот на Холандија, соопшти полицијата.
Британската служба за електронско разузнавање ГЦХК во текот на 2013 година извршила упад во мрежата на белгиската државна телекомуникациска компанија „Белгаком“, се тврди во таен извештај на Јавното обвинителство на Белгија доставен до белгиското Министерство за правда.
Најмалку четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а десетици други се водат како исчезнати, при лизгање на земјиштето во централниот дел на Филипините.
На Меѓународниот саем за транспортна технологија (ИноТранс) во Берлин, Турција претстави хибридна локомотива од сопствено производство.
Приврзаниците на „бразилскиот Доналд Трамп“, Жаир Болсонаро сметаат дека тој е единствениот човек кој може да воведе ред во најголемата држава во Јужна Америка и да му помогне на Бразил да се справи со криминалот и корупцијата.