Најмалку четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а десетици други се водат како исчезнати, при лизгање на земјиштето во централниот дел на Филипините.

Свлечиштето, кои било предизвикано од поројните дождови што деновиве го зафатија тој дел од Филипините, однело најмалку 30 куќи.

Локалните власти соопштија дека при елементарната непогода загинале три повозрасни лица и едно дете, а седум други луѓе се повредени. Властите стравуваат дека под наносот се затрупани 50 до 80 лица.

Филипинските медиуми јавија дека две лица кои во својот дом останале затрупани под наноснот на свлечиштетот, испратиле СМС пораки со барање за помош.

Минатиот викенд Филипините беа погодени од ураганот Мангхут, при што загинаа 88 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 11:26