Во Јужна Кореја следната година ќе почне со работа нова кабелска телевизија, која ќе биде специјализирана за програми наменети за Северна Кореја.
Владини хакери од странски земји продолжуваат да ја напаѓаат приватната електронска пошта на американски сенатори и нивните помошници, а сенатската служба за безбедност одбила да им обезбеди кибер заштита, истакна синоќа сенаторот демократ Рон Вајден.
Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го критикуваше министерот за правда на САД, Џеф Сешанс, што претставува негова досега наојстро упатена критика кон некој член во Администрацијате што тој самиот ја именуваше.
Лидерите на Европската унија не успеаја да постигнат значаен напредок во надминување на разликите околу прашањата за миграцијата за време на синоќешните разговори во австрискиот град Салцбург.
САД денеска ги поздравија „важните презмени обврски“ од страна на Северна Кореја за време на средбата меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и најавија подготвеност за обнова на дијалогот со Пјонгјанг.
Европската Унија и Велика Британија се уште се доста далеку од договор за Брегзитот, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во Салцбирг, каде учествува на Самиот на ЕУ.
Бројот на терористички напади во светот во текот на 2017 година е намален за 23 отсто во споредба со претходната година, а бројката на жртви бележи намалување за 27 проценти, се наведува во извештај на американскиот Стејт департмент.
Русија денеска ги поздрави резултаите од средбата во Пјонгјанг меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и го повика Вашингтон да преземе соодветни чекори во врска со одлуките на Северна Кореја да уништи полигон за ракетни проби и својата главна нуклеарна постројка.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во Турција нема економска криза и ги повика Турците да не користат странски валути при внатрешни плаќања.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го поздрави „одличниот напредок“ во преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја, откако Северна Кореја се согласи да уништи полигон за ракетни проби и својата главна нуклеарна постројка, како и да дозволи инспекции кои ќе проверат дали земјата навистина ги запрела нуклеарните проби.