Во Јужна Кореја следната година ќе почне со работа нова кабелска телевизија, која ќе биде специјализирана за програми наменети за Северна Кореја.

Како што јави агенцијата Јонхап, телевизијата ќе третита теми поврзани со севернокорејското општетсво, култура, туризам и исхрана, а ќе емитува и програми посветени на обединувањето на двете Кореи.

За таа цел веќе е формиран тим задолжен за подгоотвка на телевизијата, предводен од американскиот новинар со корејско потекло Џин Чеон-гу, а во кој, меѓу другите, членуваат и поранешни припадници на разузнавачките служби.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 10:55