САД би можеле да воведат санкции за руско-германскиот гасовод „Северен поток 2“, изјави денеска американскиот министер за енергетика Рик Пери, кој е во посета на Москва.
Во епидемијата на колера во Нигер починаа 55 лица, додека неколку илјади лица се заболени, посебно на подрачјето во близина на Нигерија, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања во Нијамеј.
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ги отфрли официјалните податоци дека во Порторико, како последица на минатогодишниот ураган Марија, животот го загубиле 3.000 лица.
Жителите на Европа живеат подолго, се наведува во извештајот на Европската здравствена агенција, но и се предупредува дека напредокот го загрозуваат ризик факторите, меѓу кои и пушењето и дебелината.
Францускиот претседател Емануел Макрон го претстави долгоочекуваниот план за борба против сиромаштијата, според кој, осум милијарди евра ќе бидат издвоени за четири години.
Највисокиот турски суд го отфрли денеска барањето истанбулскиот објект од византиско време Аја Софија повторно да стане џамија. Музехот Аја Софија прво бил црква, па џамија, и сега е музеј.
Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл, рече дека и понатаму се разговара со земји од Западен Балкан за основање центри за прифаќање азил во тие држави.
Бројот на осудени лица за тероризам во Велика Британија достигна најголема бројка од 2009 година, откога се следи таа статистика.
Европскиот комесар за имиграција Димитрис Аврамопулос изјави дека речиси е невозможно да се реализираат европските планови за создавање центри за спасување на мигранти на море во Северна Африка.
Турската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка од 17,75 отсто на 24 отсто, за да ја стави под контрола инфлацијата и да ја поддржи турската валута по нејзиниот остар пад оваа година.