Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл, рече дека и понатаму се разговара со земји од Западен Балкан за основање центри за прифаќање азил во тие држави.
Во изјава за новинарите по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан во Виена, Кикл, сепак, не сакаше да каже за кои земји станува збор.
-Ние не сакаме јавна дебата пред да „снесеме јајце", рече Кикел.
Идејата за формирање „центри за враќање" иницирана од Австрија и Данска предизвика противење во земјите од Западен Балкан.
Кикл, по состанокот со албанскиот колега Фатмир Џафаj, истакна дека разговорите за тоа прашање се водат „дискретно".