Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер потврди дека Брисел наскоро ќе излезе со предлог за поедноставување на гласачките процедури во ЕУ, пред се во областа на надворешната политика, но и во фискалната сфера.
Во своето годишно обраќање пред Европскиот Парламент за „Состојбата на ЕУ“, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди на надворешните влијанија на Балканот.
Пред четири години, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предупреди дека тоа е „последна шанса“ ЕУ да се доближи до луѓето, во спротивно постои ризик проектот да се распадне. Во пресрет на неговиот денешен говор за состојбата на Унијата, многумина се прашуваат: „Дали тој не успеа во тоа?“
Шпанската министерка за здравство Кармен Монтон синоќа поднесе оставка поради оспорувањето на нејзината магистратура.
Пратениците во Европскиот парламент, по двегодишни дебати, денеска ќе гласаат за закон што може да го промени односот на силите меѓу производителите на вести, филмови и музика и доминантните интернет платформи, кои нивни содржини ги ставаат на своите веб сајтови, а за тоа не плаќаат никаков надомест.
Неколку стотици илјади луѓе протестираа синоќа во Барселона и други градови во шпанската област Каталонија, повикувајќи на независност и на ослободување од затвор на лидерите на каталонското сепаратистичко движење.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Ирска, планирана за ноември, кпоради проблеми околу распоредот, соопшти денеска ирската Влада.
Најмалку 55 лица загинаа, а 33 се повредени кога преполн автобус падна во клисура во Индија.
Градските власти во Вашингтон денеска прогласија вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот Флоренс.
Русија изврши обид за насилна смена на власта во Црна Гора со неуспешниот парамилициски атентат врз тогашниот премиер Мило Ѓуканович, но најверојатно нема да го повтори истото сценарио во Македонија, изјави Јакув Јанда од Институт за европски вредности од Прага.