Шпанската министерка за здравство Кармен Монтон синоќа поднесе оставка поради оспорувањето на нејзината магистратура.
Шпанските медиуми објавија дека Монтон (42) добивала преодни оценки на Универзитетот во Мадрид иако не посетувала предавања, а се отворија сомнежи и дека го препишала трудот.
Монтон ги негираше обвинувањата, но сепак поднесе оставка за да не создава проблеми за Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез.
Таа е втората министерка за здравство во Владата на Санчез која мораше да поднесе оставка по краток временски рок. Нејзиниот претходник, Максим Уерта, се повлече од функцијата поради обвиненија дека пред 10 години не платил данок.