Марк Дитру, еден од најозлогласените педофили во Белгија, уапсен и осуден на доживотна казна, за силување и убиство на најмалку единаесет девојчиња во деведесеттите години, бара да биде условно ослободен и во тој контекст се подготвува да испрати писмо до семејствата на жртвите, соопшти неговиот адвокат.
Турција ја обвини Грција за поддршка на учесници во обидот за преврат од 2016 година по одлуката на Државниот совет (висок административен суд на Грција) за обезбедување азил за турски војници, наведе Омер Челик, портпарол на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас смета дека Европската унија треба да претставува противтежа на САД во случаите кога Американците се обидуваат да наметнат некоја политика што е во спротивност со европските интереси.
Силен земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтерова скала ја погоди денеска американската сојузна држава Орегон, соопшти американскиот геолошки завод.
Европските избори во мај 2019 се ближат и со тоа, набргу, треба да започне и изборната кампања ширум Европската Унија за обновување на Европскиот Парламент. Од резултатите на овие избори ќе зависи и назначувањето на следниот претседател на Европската Комисија. Во бриселските кулоари повеќе имиња кружат, но неколку од нив се фаворити.
Двоен удар доживеа американскиот претседател Доналд Трамп откако суд прогласи за виновни двајца негови блиски соработници - поранешниот адвокат Мајкл Коен и поранешниот шеф на претседателската кампањата, Пол Манафорт, две различни надлежности во два различни предмета.
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон денеска изјави дека САД не бараат смена на власта во Иран.
САД нема да учествуваат на самитот за иднината на Авганистан следниот месец во Москва, информира претставник на Стејт департментот.
Фејсбук идентификуваше и забрани стотици лажни профили, групи и страници што се вклучени во кампањата за координирано политичко влијание и имаат за цел влијание врз политика.
Централната банка на Венецуела вчера го објави новиот курс на валутата, според кој боливарот загубил дури 96 проценти од својата вредност во однос на доларот во рок од само еден ден.