Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на ракети воздух-воздух на Холандија за проценета сума од 807 милиони долари, соопшти Пентагон.
Американски сојузен суд ја потврди уставноста на законот кој може да доведе до забрана на платформата „ТикТок“ во САД, соопшти денеска Апелацискиот суд во округот Колумбија.
Американскиот милијардер Илон Маск донирал 259 милиони долари (245 милиони евра) за поддршка на претседателската кампања на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави Американската изборна комисија.
Еквадорскиот фудбалер Педро Перлаза (33), кој беше киднапиран заедно со пријател минатиот викенд, е ослободен во акција на еквадорската полиција.
Полските парламентарци денеска изгласаа одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на националистичката опозициска партија „Право и правда“ (ПиС), Јарослав Качински, што овозможува против него да се покренат обвиненија за наводен напад.
Поранешниот турски министер за надворешни работи и поранешен амбасадор на Турција во ОН, Феридун Синирлиоглу, е именуван за генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), јавуваат турските медиуми.
Романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT) отвори истрага за компјутерски криминал поврзан со претседателската кампања на Калин Георгеску, крајнодесничарски независен кандидат.
Поранешниот претседател на Националната либерална партија и кандидат на првиот круг на претседателските избори во Романија Николае Чука, повика на смиреност и зрелост по одлуката на Уставниот суд да го поништи првиот круг на изборите.
Романскиот Уставен суд денеска ги поништи претседателските избори, чиј втор круг требаше да се одржи в недела, во атмосфера на големо сомневање за руско мешање.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва може да распореди балистички ракети со среден дострел „Орешник“ во Белорусија во втората половина на 2025 година, јавија светските агенции, цитирајќи руски државни медиуми.