Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи порача дека САД сакаат подобри односи со Русија, соопшти синоќа портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.
Над 440 лица се повредени минатата ноќ при судир меѓу романската полиција и учесници на антивладините протести во Букурешт, што ги организираа Романците кои живеат во странство.
Најмалку 30 лица се повредени денеска при експлозија во фабрика за челик во Бразил.
Полска граѓанска асоцијација Комитет за заштита на демократијата (КОД) организраше антивладин протест на тој начин што нејзини активисти на повеќе статуи ширум Полска им „облекоа“ маици со натпис „Устав“.
Од почетокот на 2018 година во Европа преку Средоземното Море пристигнале над 60.000 мигранти и бегалци, а повеќе од 1.520 загинале или исчезнале на патот кон европскиот континент, соопшти денеска Меѓународната агенција за миграција (ИОМ).
Сите новинари, уапсени во текот на неделата во големата акција на полицијата против независните медиуми во Белорусија, денеска се ослободени.
Турција планира да ги намали државните трошоци за 5,6 милијрди долари, со цел да ја зголеми довербата во националната валута, соопшти денеска турскиот министер за финансии и буџет, Берат Албајрак.
Поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет избрана е на денешната седница на Генералното собрание на Обединети нации за висок комесар за човекови права на ОН.
Турција нема да потклекне пред заканите и уцените, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако САД најавија двојно зголемување на царините за увоз на турски челик и алуминиум, јави ДПА.
Москва категорично ги отфрла новите санкции што САД ги воведоа кон Русија, му порача денеска во телефонски разговор рускиот министер Серегеј Лавров на американскиот државен секретар Мајк Помпео.