Москва е подготвена да ја разгледа можноста претседателот на Русија, Владимир Путин да ги посети САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
Украина и Турција се во преговори за заедничко производство на воен товарен авион, јави весникот „Дејли Сабах“. Според весникот, украинската компанија „Укроборонпром“ и украински „Антонов“ го планираат новиот авион Ан-188, со носивост од 50 тони.
Најмалку 17 лица се повредени во серијата торнада што ја зафатија американската сојузна држава Ајова. Најмногу повредени имало во градот Маршалтаун, каде се урнала куполата на старата судска зграда, како и во фабрика во градот Пела.
Продажбата на автомобили во Европа минатиот месец забележа раст од 5,1 отсто на годишно ниво, при што најголем пораст е регистиран во Германија, Франција и Шпанија, соопшти Асоцијацијата на европските производители на возила.
Американскиот медиумски гигант „Комкаст“ се откажа од плановите за преземање на „Твенти фрст Сенчери Фокс“ и наместо тоа ќе се преориентира на купување на британската телевизија „Скај“.
Германските власти запленија 77 станови и куќи во Берлин, вредни 9,3 милиони евра, во масовна акција против арапска криминална група.
Главниот окружен суд на Сеул денеска ја осуди поранешната јужнокорејска претседателка Парк Гуен-хје на уште осум години затвор, откако ја прогласи за виновна по обвиненијата за злоупотреба на владини фондови и за мешање во парламентарните избори во 2016 година.
Руски воен крстосувач што потонал пред 113 години додека носел злато кое денес вреди околу 110 милијарди евра е пронајден во корејското приморје.
Хуманитарните организации на ОН проценуваат дека околу 55.000 деца во југозападна Сирија имаат потреба од помош и се изложени на ризик од глад.
Пет припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) биле уапсени на почетокот на јули во Истанбул, а меѓу нив е и Седа Дудуркаева, вдовица на водечкиот чеченски исламист Таркан Батирашвили, попознат како Абу Омар ал Шишани.